Котелот или печката на пелет се едноставни за користење, но со неколку мали навики трошите помалку пелет и имате помалку проблеми.
Пред сезоната
- Исчистете ги котелот и оџакот. Пепелта и чадот од минатата зима ја намалуваат топлината.
- Проверете ги дихтунзите на вратата. Ако пропуштаат воздух, пелетот гори побрзо.
- Користете сув пелет. Влажниот пелет се распаѓа, прави прав и ја затнува полжавата.
Прво палење
- Наполнете го резервоарот до половина и вклучете го котелот на автоматско палење.
- Првите неколку минути е нормално да има малку чад. Ако чадот не престане, проверете дали оџакот влече.
- Не ставајте хартија, дрва или течност за палење во котел на пелет.
Секојдневна употреба
- Не го празнете резервоарот до крај. На дното се собира прав, кој може да ја затне полжавата.
- Празнете ја пепелта на неколку дена. Со А1 пелет пепелта е малку, најмногу 0,7%.
- Чистете го горилникот еднаш неделно. Згурата го попречува воздухот и пламенот гори полошо.
Најчести грешки
- Користење евтин пелет со многу кора и прав. Остава згура и бара почесто чистење.
- Чување на вреќите во влажна визба или директно на бетон.
- Претерано висока температура на котелот. Пелетот се троши побрзо, а куќата не е потопла.
Каков пелет да користите
Котлите и печките на пелет се направени за пелет со 6 mm дијаметар и мала влага. Нашиот пелет е А1, од 100% дрво, 6 mm, во вреќи од 15 kg. Се подига од пиланата во с. Туденце, Тетово. За цена и количина јавете се на 070 395 033.